Бетис направи голем чекор кон осминафиналето на Конференциската лига, откако славеше со убедливи 0-3 на гостувањето кај Гент. Шпанскиот тим одигра фантастично второ полувреме, а повторно блесна Eнтони, зимското засилување од Манчестер Јунајтед.
🚨🎥 – ANTONY SCORES FOR REAL BETIS ONCE AGAIN!! ⚽️ pic.twitter.com/kuMjEEz0eG
— Frank🧠🇵🇹 (fan) (@AmorimEra_) February 13, 2025
Бразилецот го отвори резултатот само две минути по паузата со одличен гол, а до крајот на мечот Бакамбу и Алтимира ја потврдија доминацијата на Бетис.
Хајденхајм исто така запиша значајна гостинска победа, откако со пресврт го совлада ФК Копенхаген на „Паркен“ (1-2). Домаќините поведоа преку Ларсон, но Келер и Сиерслебен донесоа победа за германскиот тим.
Борац Бања Лука обезбеди минимална предност во балканското дерби против Олимпија Љубљана (1-0). Единствениот гол беше постигнат во судиското надополнување, а македонскиот репрезентативец Бобан Николов одигра еден час, додека Дамјан Шишковски остана на клупата.
Во Кипар, Омонија и Пафос одиграа 1-1, со по еден гол во двете мрежи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













