Арсенал официјално потврди дека германскиот напаѓач Каи Хаверц ќе го пропушти остатокот од сезоната 2024/25 поради повреда на бутниот мускул. Хаверц наскоро ќе биде подложен на операција, а потоа ќе му претстои и подолг рехабилитациски процес.
„Набргу по операцијата, Каи ќе започне програма за опоравување и рехабилитација, која се очекува да продолжи во претсезонските подготовки за следната сезона“, се вели во соопштението на Арсенал.
Повредата на Каи Хаверц го остава тимот без централен напаѓач. Во тековната сезона, Хаверц одигра 34 натпревари за лондонскиот клуб во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 голови и забележувајќи пет асистенции.
A medical update on Kai Havertz.
— Arsenal (@Arsenal) February 13, 2025
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













