Винисиус Жуниор, крилниот напаѓач на Реал Мадрид и бразилската репрезентација, сериозно ја разгледува понудата од Саудиска Арабија, тврди „Марка“. Се наведува дека Винисиус лично се сретнал со саудиските претставници и размислува за понудата која неговите доверливи луѓе ја опишуваат како „понуда која не може да се одбие“, бидејќи изнесува една милијарда евра.
Преговорите започнале во 2023 година и оттогаш континуирано се одвиваат. На првиот состанок, одржан преку видео-конференција, Винисиус лично учествувал, слушајќи го проектот што му го понудиле Саудијците.
Понудата вклучува петгодишен договор вреден околу 200 милиони евра по сезона, плус бонуси, како и десетгодишен договор за улога на амбасадор за Светското првенство 2034 година, кое ќе се одржи во Саудиска Арабија.
Иако Винисиус изразил интерес за понудата, не само од финансиски, туку и од спортски и личен аспект, неговата примарна цел е да направи историја со Реал Мадрид. Во моментов, тој е фокусиран на сезоната со Реал Мадрид и е свесен дека контактите со Саудијците се во критична фаза. Се очекува конечната одлука да биде донесена во текот на летото.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













