Македонскиот прволигаш Шкупи не успеа да ги регистрира новите засилувања кои веа доведени, а дел од нив и претставени во клубот од Чаир. Оттаму поврдуваат дека долгот го платиле за да им биде симната забраната за трансфери, но, сепак не успеале да ги регистрираат новите фудбалери кои беа претставени како засилувања во зимскиот преоден рок
„ФК Шкупи сака да ги информира навивачите и пошироката јавност дека поради некои бирократски пречки не успеавме да го деблокираме трансфер пазарот на клубот и покрај отплатата на сите долгови.
Како резултат на тоа, клубот нема да може да ги регистрира играчите кои ни пристапија во овој период. Сепак, со тимот и сегашниот фонд на играчи што ги имаме во нашите редови, уверени сме дека ќе ги постигнеме нашите главни цели за пролетниот дел од сезоната.
Им благодариме на сите навивачи за континуираната поддршка и посветени сме да дадеме максимум на секој натпревар”, истакнаа од Шкупи.
На стартот на вториот дел од сезоната на Чаир ќе гостува тимот на Работнички.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













