Connect with us

Реал Мадрид ќе има нов тренер и Анчелоти веќе го знае тоа

Карло Анчелоти го напушта Реал Мадрид на крајот од оваа сезона, тврди шпанскиот новинар Рамон Алварез, и наведува дека легендарниот Италијанец е целосно запознаен со плановите на клубот за иднината.

Реал Мадрид планира да го промени тренерот следното лето. Иако има договор до јуни 2026 година, легендарниот Карло Анчелоти нема да остане на клупата на „кралевите“, а на негово место ќе седне, како што се очекуваше – Чаби Алонсо.

Феноменалниот стратег привлече големо внимание со своето одлично водење на Баер Леверкузен, со кој минатата сезона доминантно ги освои германските трофеи.

Потоа, Баерн и Ливерпул се обидоа да го ангажираат. Меѓутоа, тој ги одби сите понуди што стигнаа, а на сите им беше јасно дека тоа е поради Реал Мадрид.

„Планот на Реал Мадрид е сосема јасен. Тие сакаат да го потпишат Чаби Алонсо како замена за Карло Анчелоти од следната сезона”, вели шпанскиот новинар Рамон Алварез.

Тој исто така нагласува дека Карло Анчелоти е целосно свесен за ситуацијата и дека знае дека си заминува на крајот од сезоната.

„Карло Анчелоти знае дека овие му се последните месеци на клупата на Реал Мадрид. Знае дека Чаби Алонсо ги одби понудите од Баерн и Ливерпул и знае дека Реал ја планира иднината со него”, додава Алварез.

Чаби Алонсо ја започна својата тренерска кариера во Б-тимот на Реал Сосиедад. Баер го ангажираше во 2022 година, што се покажа како вистински потег. Следеа најдобрите денови во клупската историја.

Од друга страна, Карло Анчелоти во неколку наврати истакна дека нема намера да ја заврши својата тренерска кариера, иако во јуни ќе го прослави својот 66-ти роденден.

Се претпоставува дека по Реал Мадрид би можел да стане селектор на некоја репрезентација, но останува да видиме што ќе одлучи легендарниот стратег на крајот. Во опција е и клупата на Рома.

Зад Анчелоти стои навистина голема кариера во која освои апсолутно сè што можеше и дефинитивно ќе остане запаметен како еден од најголемите тренери на сите времиња. Сигурно ќе сака неговото заминување да се памети, а Реал дефинитивно ќе биде меѓу кандидатите за сите можни трофеи оваа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови