Борусија Дортмунд продолжува со непредвидливите настапи и го доживеа првиот пораз под водство на Нико Ковач, откако на домашен терен загуби од Штутгарт со 1-2 во 21. коло од Бундес-лигата.
Гостите ги освоија трите бода благодарение на голот на Џеф Чабот и автоголот на Антон Валдермар. Единствениот погодок за Борусија Дортмунд го постигна Џулијан Брант во 81. минута.
Овој триумф му донесе на Штутгарт десетта победа сезонава и враќање на четвртата позиција на табелата, додека Борусија Дортмунд останува на 11. место со 29 бодови.
Волфсбург успеа да го сопре шампионот Баер Леверкузен играјќи 0-0, а без голови заврши и дуелот меѓу Мајнц и Аугсбург.
Унион Берлин славеше убедливо со 4-0 на гостувањето кај Хофенхајм, Фрајбург минимално го совлада Хајденхајм со 1-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













