Connect with us

Винисиус ја одбил понудата на Реал за нов договор

Бразилецот Винисиус Жуниор ја одбил првата понуда на Реал Мадрид за продолжување на договорот, иако клубот му понудил зголемување на сегашната плата од 15 милиони евра годишно.

Преговорите почнаа пред две недели, но менаџерите на Вини ја вратиле понудата на ревизија. Бразилецот има договор со Реал до 2027 година, со трансферна клаузула од една милијарда евра, а минатото лето „Атлетик“ откри дека неговите агенти добиле понуди од клубови од Саудиска Арабија.


Винисиус и сега има понуда од една милијарда евра за пет години од саудиски клуб.

Бразилецот пристигна во Реал Мадрид во 2018 година од Фламенго за 45 милиони евра и досега одигра 293 натпревари, постигнувајќи 101 гол и 83 асистенции. Со „кралевите“ освои три титули во Ла Лига, две во Лигата на шампионите и две Светски клупски првенства.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови