
Германскиот гигант Баерн Минхен беше на чекор од губење на своите најголеми ѕвезди, но како што стојат работите, ќе успее да ги задржи сите.
Откако беше потврдено дека Алфонсо Дејвис потпишал нов договор до 2030 година, доверливи извори објавуваат дека Баерн сега е чекор поблиску до договор и со Џамал Мусијала.
Наводно, токму потписот на Дејвис дополнително влијаел и врз Мусијала – и тоа на два начини. Прво, Мусијала сакал да види дали Баерн е доволно силен за да ги задржи своите најдобри играчи и со тоа да покаже јасен и амбициозен долгорочен план за иднината. Покрај тоа, Дејвис е еден од најдобрите пријатели на Мусијала, па и од лична перспектива му значело да останат заедно во тимот.
Интересно е што уште еден близок пријател на Мусијала е Лирој Сане, кој исто така води преговори и се очекува да потпише нов договор за да не замине како слободен агент летово.
Мусијала беше приоритет за Баерн во 2025 година, што повеќепати го нагласуваа и Макс Еберл и Ули Хенес.
Нема сомнеж дека со договорите на Дејвис и Мусијала, Баерн ја покажа својата сила и јасно стави до знаење дека нема лесно да се раздели со своите најголеми ѕвезди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Бетис лесно ја надигра Џирона (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
