Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Тајрел Маласија, пристигна во својата татковина да ги мине медицинските прегледи пред неговиот трансфер во ПСВ Ајндховен.
Маласија ќе игра на позајмица во ПСВ до крајот на сезоната. Според „Би-Би-Си“, можно е во договорот меѓу двата клуба да биде вклучена и опција за откуп, но тоа засега не е потврдено.
25-годишниот Маласија се врати во ноември, откако претходно пропушти цели 17 месеци поради повреди и две операции. Оттогаш одигра само осум натпревари во сите натпреварувања. Вкупно, тој има само 47 настапи за Манчестер Јунајтед откако пристигна во јули 2022 година.
„Црвените ѓаволи“ малку доцнеа со овој трансфер, бидејќи претходно требаше да го финализираат ангажманот на Патрик Доргу од Лече.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













