Манчестер Јунајтед го промовираше второто засилување оваа зима, левиот бек Патрик Доргу. Данскиот дефанзивец пристигнува од италијанскиот Лече за 25 милиони фунти, со можни бонуси до 4 милиони фунти.
„Навистина сум горд што станувам дел од Манчестер Јунајтед. Овој ден е посебен за мене и моето семејство“, изјави 20-годишниот играч за клупскиот сајт.
„Со нетрпение очекувам да работам со Рубен Аморим. Неговата визија за тимот и иднината на клубот ме возбудува. Тој има јасен план за развој, а чувствувам дека Манчестер Јунајтед е вистинското место за мене да го остварам својот потенцијал и да ги достигнам своите амбиции“, додаде Доргу.
Тој потпиша договор до 2030 година, со можност за продолжување за уште една сезона.
Во меѓувреме, Манчестер Јунајтед го потпиша и 18-годишниот дефанзивец од Арсенал, Ајден Хевен. Во следните денови се очекува клубот да се раздели со Тајрел Маласија, кој игра на истата позиција како Доргу.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













