Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е избран за ‘играч на месецот’ во Ла Лига. Ова е негова прва ваква награда откако пристигна на „Сантијаго Бернабеу“.
Во јануари, Мбапе одигра три натпревари во првенството, постигнувајќи пет голови, вклучувајќи и хет-трик против Валјадолид. Францускиот напаѓач беше најдобар во конкуренција на Хуго Дуро (Валенсија), Кико Гарсија (Алавес), Луис Мила (Хетафе) и Доди Лукебакио (Севилја).
Во декември наградата ја освои Џуд Белингам, а во ноември најдобар беше Винисиус Жуниор, двајцата исто така од Реал Мадрид.
Од почетокот на сезоната, Мбапе има 19 настапи за Реал Мадрид, во кои постигнал вкупно 15 голови. Во моментов, „кралевите“ се лидери во Ла Лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













