
Италијанскиот калчолигаш Милан би можел да го одбележи крајот на јануарскиот преоден рок со неколку значајни трансфери.
Според најавите, клубот очекува да реализира четири трансфери до понеделник вечер.
Најпрво, Алваро Мората ќе ги заврши медицинските прегледи за време на викендот и официјално ќе потпише за Галатасарај. Со тоа ќе биде финализиран и трансферот на Сантијаго Хименез од Феенорд, кој ќе пристигне во Милан за сума од 35 милиони евра. Очекувањата се дека официјалната потврда за овој трансфер ќе стигне до крајот на викендот.
Покрај него, Милан сѐ уште работи на можноста за доведување на Жоао Феликс на позајмица од Челси. Овој трансфер го поддржуваат Серџо Консеисао и агентот Жорге Мендеш.
Феликс е незадоволен од својата моментална минутажа и сака да игра повеќе, но менаџерот на Челси, Енцо Мареска, не сака да се откаже од него без соодветна замена.
Во одбраната, Милан ја прифати понудата од Тотенхем за Фикајо Томори во вредност од 25 милиони евра. Сепак, самиот играч засега одбива да го напушти Милан и да се врати во Лондон, бидејќи претходно настапуваше за Челси.
Покрај овие трансфери, Милан планира да го задржи и српскиот дефанзивец Страхиња Павловиќ, кој веќе ја одби можноста да се пресели во Галатасарај.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс го доби дербито против Струга ТЛ и се врати во ритам во трка...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Александар Васоски (Силекс)
Силекс загуби од Вардар на арената „Тодор Проески“ во четвртфиналето на Купот, но потоа...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн се договорил со Џошуа Кимих за нов договор

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Интернационалци
Торино сака да го откупи Елиф Елмас од Лајпциг
