
Централниот дефанзивец на Арсенал, Вилијам Салиба, стана уште еден клучен играч на „топчиите“ кој е надвор од терените поради повреда. Францускиот фудбалер го пропушти натпреварот против Астон Вила поради истегнување, а на негово место во одбраната започна Јуриен Тимбер.
Сепак, сега е потврдено дека Салиба ќе биде отсутен околу две недели.
Според извештаите, Салиба веројатно нема да настапи на три натпревари – двата дуела од Лигата на шампионите против Динамо Загреб и Џирона, како и гостувањето на Вулверхемптон во Премиер – лигата. Планот е да биде подготвен за големото дерби против Манчестер Сити на 2 февруари.
По натпреварот со Астон Вила, менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изрази голема загриженост за повредата на Салиба. Во тој момент, Артета сè уште немаше прецизни информации за времетраењето на неговото отсуство. Сепак, најновите вести изгледаат помалку загрижувачки во споредба со повредите на Букајо Сака и на Габриел Жесус, кои беа посериозни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”
