Доменико Тедеско бил информиран дека веќе не е селектор на Белгија. Одлуката за неговото отпуштање ја донел лично новиот технички директор на Фудбалската федерација на Белгија, Венсан Манар.
39-годишниот италијански стратег имаше договор до 2026 година и ќе добие значителна отштета за неговото предвремено раскинување. Под негово водство, Белгија одигра 24 натпревари, од кои победи на 12, одигра нерешено на шест и загуби на шест натпревари.
Сепак, се смета дека главната причина за неговото отпуштање се лошите односи со дел од играчите, од кои некои јавно изјавија дека нема да играат за националниот тим под водство на Тедеско. Меѓу нив е и голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа.
Тедеско работеше со националниот тим на Белгија од февруари 2023 година, а претходно беше на чело на Лајпциг, Спартак Москва, Шалке 04 и Ауе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal