Поранешниот фудбалер и менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, ќе ја преземе улогата на нов тренер на Бешикташ со договор што ќе трае една и пол година, објавија турските медиуми.
Норвешкиот стратег, кој треба денес да отпатува за Истанбул, ќе го замени привремениот тренер Сердар Топрактепе, кој помина два и пол месеци на чело на тимот, но не успеа да ги стабилизира резултатите.
Солскјер ќе има тешка задача да го врати тимот на победничките патеки и да обезбеди пласман во европските натпреварувања следната сезона.
Норвежанецот досега ги водеше Молде, Кардиф Сити и Манчестер Јунајтед, од каде што беше отпуштен во ноември 2021 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













