Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, призна дека не е целосно задоволен по ремито 2-2 со Ливерпул на „Енфилд“. „Црвените ѓаволи“ одиграа многу квалитетен натпревар и дури можеа да слават победа. Токму поради тоа, португалскиот стратег изјави дека неговите играчи треба да бидат лути и разочарани по ова реми.
„Очекувањата пред натпреварот беа многу различни од тоа што се случи. Во други натпревари се лутам повеќе, бидејќи сè уште не можам да разберам некои работи. Проблемот не е во формацијата или техниката, туку очигледно постои нешто друго што нè спречува, но ми е тешко да го разберам“, изјави Аморим.
„Освоивме еден бод, но треба да бидеме повеќе лути и разочарани отколку по поразот од Њукасл. Има причина да бидеме лути, но сакам да се смирам за да можам да кажам вистински зборови. Се наоѓаме во тешка ситуација и мора да продолжиме да се бориме за да излеземе од неа“, додаде Португалецот.
„Фактот што бевме целосно рамноправни со Ливерпул треба да ни даде самодоверба за понатаму. Задоволен сум од нашата игра, но не и од резултатот. Повеќе сум лут поради претходните натпревари, во кои не ја покажавме оваа игра“, заклучи Аморим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













