
Македонскиот прволигаш Пелистер го назначи Срѓан Захариевски за нов шеф на стручниот штаб. Тој во еден дел од есента беше на кормилото на Вардар, но брзо се раздели со вардарци.
Првиот работен ден во Пелистер ќе го има на 8.јануари.
„Новата година е време за нов почеток за нашиот клуб. Ни претставува особено задоволство да ви го претставиме нашиот нов шеф на стручниот штаб. Срѓан Захариевски денес потпиша договор со ФК Пелистер и официјално беше претставен пред јавноста. Ова е своевидно враќање на Захариевски во Битола, каде работеше во 2017 година.
51-годишниот стручњак има забележителни резултати во своите проекти во мак-фудбалот. Со успех ги водеше Металург, Струга и Воска Спорт. Се работи за поранешен репрезентативец на Македонија (22 настапи и три гола), а во играчките денови ги носеше дресовите на Вардар, Силекс, Тетекс, Металург, како и на клубови во Германија, Португалија, Грција.
Захариевски ќе прозива на осми јануари, кога започнуваат подготовките за вториот дел на шампионатот на Македонија“, објавија од Пелистер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Реал Сосиедад сака да го доведе Елиф Елмас во Ла Лига

Евро-фудбал
Дарвин Нуњез е новата цел на Јувентус
