
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, разговарал со раководството на клубот и изјавил дека сака Виктор Ѓокереш да пристигне на „Олд Трафорд“ уште во јануари.
Голгетерот на Спортинг беше поврзуван со трансфер кај „црвените ѓаволи“ уште кога стана јасно дека Аморим ќе го преземе тимот. Изгледа дека тренерот нема намера да чека до летото и сака напаѓачот да биде доведен во текот на актуелниот трансфер период, пренесуваат медиумите на Островот.
Почетокот на Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед беше кошмарен, и Португалецот ќе прави сериозни промени. Се очекува Маркус Рашфорд и Џошуа Зиркзе да го напуштат клубот, а истото важи и за Антони.
Јунајтед најпрво ќе треба да се раздели со дел од непотребните играчи за да може да си го дозволи Виктор Ѓокереш, за кого интерес покажуваат и многу други големи клубови.
Виктор Ѓокереш работеше со Аморим во Спортинг, откако напаѓачот му се приклучи на тимот од Ковентри во 2023 година. Оттогаш, Швеѓанецот одигра 49 натпревари за португалскиот тим и постигна 47 голови. Изгледа дека Аморим сака повторно да соработува со фудбалерот и во Манчестер Јунајтед, без да чека подолго време.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
