Од Унион Берлин официјално објавија дека се разделуваат со тренерот Бо Свенсон. 45-годишниот Данец го презеде тимот пред почетокот на оваа сезона.
„По анализата на ситуацијата, дојдовме до заклучок дека на тимот му се потребни значителни промени, поради што решивме да не ја продолжиме соработката со Бо Свенсон, Бабак Кејханфар, Кристофер Вихман и Тиџан Нџи. Му благодариме на Свенсон и неговиот тим за вложената работа и им посакуваме сè најдобро во иднина“, изјави извршниот директор на клубот, Хорст Хелт.
По 15 одиграни кола во Бундес-лигата, тимот на Унион Берлин се наоѓа на 12. позиција со 17 освоени бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













