
Спортинг Лисабон официјално соопшти дека се разделува со тренерот Жоао Переира. 40-годишниот стратег беше на чело на тимот од 11 ноември, по заминувањето на Рубен Аморим, кој прејде во Манчестер Јунајтед. Под водство на поранешниот дефанзивец, Спортинг одигра осум натпревари, забележувајќи три победи, едно реми и четири порази.
Um Leão para sempre.
— Sporting CP (@SportingCP) December 25, 2024
Obrigado, João Pereira 🦁 pic.twitter.com/KhxhqwIdqk
Португалските медиуми објавија дека тренерот на Виторија Гимараеш, Руи Боржеш, ќе биде нов тренер на лисабонскиот гигант. Тој ќе биде претставен во следните часови, бидејќи договорот веќе е потпишан.
Переира беше назначен како замена за Рубен Аморим, кој ја презеде функцијата менаџер на Манчестер Јунајтед во средината на ноември. По неговото заминување, Спортинг забележа четири порази од осум натпревари во сите натпреварувања.
Лисабонскиот тим го загуби првото место во португалското првенство, а во Лигата на шампионите се наоѓа на 17-то место.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
