Реал Мадрид покажува сериозен интерес за Тијани Рејндерс, еден од најдобрите играчи на Милан оваа сезона, објави „Газета дело Спорт“.
Реал полека се подготвува за живот без Лука Модриќ, а недостатокот на светски квалитетен играч на средината на теренот се чувствува во резултатите и игрите на клубот оваа сезона.
Тијани Рејндерс, кој блесна во дресот на Милан, ја зголеми својата вредност на пазарот до 60 милиони евра. Сепак, Милан останува решен да го задржи играчот, кој е важен дел од нивниот проект. Клубот веќе се договори со Рејндерс за продолжување на договорот до 2029 година, со можност за дополнителна година, како и зголемување на неговата плата на 3,5 милиони евра годишно со бонуси.
Интересот на Реал за Рејндерс драстично се зголеми по неговата извонредна партија на натпреварот во Лигата на шампионите, каде Милан го совлада Реал со 1-3 на „Сантијаго Бернабеу“. Неговата игра остави голем впечаток на „кралевите“, кои го сметаат за врвен приоритет во потрагата по замена за Модриќ.
Сепак, Милан има силна предност во задржувањето на Рејндерс, неговото задоволство и блискост со навивачите, кои го оценија како клучен играч за тимот. Оваа поврзаност може да биде пресудна за неговата иднина на „Сан Сиро“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













