Турските медиуми утрово објавија шокантни вести дека Фенербахче има намера да го доведе еден од најдобрите играчи во последната деценија, Кевин де Бруин од Манчестер Сити.
Според „Фанатик“, Фенербахче изготвил план за реализација на најголемиот трансфер во историјата на турскиот фудбал – доведувањето на Де Бруин.
Задачата е доверена на спортскиот директор на Фенербахче, Марио Бранко, кој добил дозвола од управата на клубот да воспостави контакти и да се обиде да го доведе одличниот Белгиец во наредниот период.
Сепак, процесот е во почетна фаза, и засега нема воспоставени контакти. Нејасно е како Фенербахче ќе може да ги исполни финансиските барања на Де Бруин, кој со години е еден од најплатените играчи во англискиот фудбал.
Само фактот дека Де Бруин моментно заработува 400.000 фунти неделно, што е највисока плата во Премиер – лигата, покажува колку тежок предизвик е ова за Фенербахче. Дополнително, интересот од Саудиска Арабија за услугите на Де Бруин претставува уште еден проблем за турскиот клуб, бидејќи со тие финансии Фенербахче не може да се натпреварува.
Сепак, претстојниот зимски трансфер период ќе биде интересен, бидејќи Фенербахче, предводен од Жозе Мурињо, планира одредена реконструкција на тимот.
Наводно, Фенербахче веќе го договорил првото засилување за јануари, Марио Хермосо од Рома, кој треба да го зајакне одбранбениот дел на тимот што го предводи Жозе Мурињо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal