Манчестер Јунајтед останува силно заинтересиран за левиот бек на Пари Сен Жермен – Нуно Мендеш, пренесува „Скај Германија“.
Во исто време, ПСЖ има намера да го продолжи договорот на 22-годишниот лев бек и по 2026 година, кога истекува неговиот тековен договор. Португалскиот репрезентативец во моментов ги стопирал преговорите затоа што сака да ги разгледа најдобрите понуди, а интересот за него е голем.
Мендеш и новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, ја делат истата менаџерска агенција, што може да биде фактор во потенцијалниот трансфер.
22-годишниот Мендеш и Тео Хернандез од Милан моментално се двете најпосакувани опции за нов лев бек на Манчестер Јунајтед, доколку Алфонсо Дејвис потпише нов договор со Баерн Минхен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













