
Манчестер Сити бара идеален напаѓач за ротација, како „Б“ опција за Ерлинг Холанд, а тоа би можел да биде – Еван Фергусон.
Младиот напаѓач на Брајтон падна во втор план по заминувањето на Роберто Де Зерби и не е задоволен со својата минутажа и улога во тимот, што Манчестер Сити сака да го искористи.
Според одредени извори, ова бил предлог на Чики Бегиристајн, заминувачкиот директор на Сити, кој е најзаслужен за бројните и успешни трансфери на „Етихад“ во последната деценија.
Ирецот има само 20 години, пред него е светла иднина, но изгледа дека во моментов во Брајтон немаат многу доверба во него. Тој оваа сезона одигра 13 натпревари, постигна еден гол, но на теренот помина само 368 минути.
Фергусон претходно беше на мета на бројни клубови, поради што Брајтон го „заклучи“ со договор до 2029 година.
Трансфермаркт го проценува на 40 милиони евра, но сигурно е дека Брајтон ќе бара повеќе, особено ако на вратата тропа Сити.
Да потсетиме, еден од главните проблеми на Сити е што Пеп Гвардиола нема резервна опција кога Норвежанецот не е ефикасен, што беше случај оваа сезона.
Минатото лето замина Хулијан Алварез, кој беше идеално решение, но на крајот и тој одби да биде резервна опција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski