Португалскиот тренер Витор Переира официјално стана новиот менаџер на Вулверхемптон, потпишувајќи договор кој ќе трае до летото 2026 година.
Ал-Шабаб, поранешниот клуб на Переира, ќе добие компензација, која според извештаите изнесува околу 800.000 фунти.
Переира доаѓа на местото на отпуштениот Гари О’Нил. Како тренер, тој има освоено титули во три различни првенства – со Порто во Португалија, Олимпијакос во Грција и со Шангај во Кина. На кормилото на Ал-Шабаб застана во февруари оваа година.
Моментално, Вулверхемптон се наоѓа на претпоследното, 19-то место на табелата во Премиер лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













