
Манчестер Јунајтед со пресврт во финишот успеа да го победи Манчестер Сити на „Етихад“ со 1-2. Рубен Аморим знае како да го пбеди Гвардиола, го стори тоа оваа сезона со Спортинг Лисабон во ЛШ пред да го преземе Јунајтед, а сега го повтори и со својот нов тим.
Оваа сезона Манчестер Сити е многу ранлив, и тоа се покажа уште еднаш.
Гвардиола му даде нова улога на Матеус Нунез како лев бек и тоа на крајот беше кобно.
Јошко Гвардиол во 36.минута постигна гол за водство на „граѓаните“, откако со удар со глава ја затресе мрежата на Онана.
Манчестер Јунајтед ја чекаше својата шанса и ја дочека на крајот од мечот.
Во 88.минута, Матеус Нуњез грешно врати топка кон Едерсон, ја пресече Амад Дијало, а Нуњез потоа го фаулираше во шеснаесетникот.
Бруно Фернандеш од пенал израмни на 1-1.
Само две минути подоцна, Амад Дијало доби долга топка, зад дефанзивците на Манчестер Сити, го заобиколи и Едерсон и успеа да постигне победнички гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal