Раководството на Рома планира да ангажира италијански стратег за тренер на тимот по завршувањето на сезоната. Листата на главни кандидати ги вклучува актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, поранешниот стратег на Јувентус, Масимилијано Алегри, и селекторот на турската репрезентација, Винченцо Монтела, кој воедно е и поранешен напаѓач на „волчицата“.
До крајот на сезоната, функцијата ќе ја извршува Клаудио Раниери, кој го презеде тимот како привремен тренер по отпуштањето на Иван Јуриќ.
По завршувањето на сезоната, Раниери ќе добие раководна позиција во клубот и ќе има улога во изборот на новиот тренер.
По 15 одиграни кола, Рома се наоѓа на 11. место на табелата во Серија А со освоени 16 бодови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













