Шпанскиот гигант Реал Мадрид објави соопштение во кое информираше дека напаѓачот на тимот, Килијан Мбапе, има повреда и ќе биде надвор од тренинзите на неодредено време.
Од соопштението на „кралскиот клуб“ се дознава дека проблемот кај Французинот е во левиот бутен мускул.
Ова е сосема поинаква информација од првичната која ја соопшти тренерот Карло Анчелоти веднаш по натпреварот, дека повредата на Мбапе не е сериозна.
Мбапе се повреди во првото полувреме од натпреварот во Лигата на шампионите против Аталанта во Бергамо. Тогаш тој беше принудно заменет, откако претходно го отвори резултатот во корист на гостите. На крајот, Реал Мадрид победи со 2-3.
Во овој момент не е јасно колку време ќе отсуствува Мбапе, а од клубот истакнаа дека ќе продолжат да ја следат неговата здравствена состојба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













