Суперкупот на Германија ќе го носи името на легендата Франц Бекенбауер, објави весникот „Билд“. Германската фудбалска федерација (ДФБ) и Германската фудбалска лига (ДФЛ) постигнале договор, но засега ниту една од двете страни нема дадено официјален коментар.
Суперкупот се одржува пред почетокот на фудбалската сезона, каде што се натпреваруваат шампионот на Бундес-лигата и освојувачот на Купот на Германија. Следниот натпревар е закажан за 16 август, кога трофејот ќе го носи името на Бекенбауер.
„Кајзер Франц“ почина на 78-годишна возраст на 7 јануари. За време на својата кариера освои огромен број трофеи со Баерн Минхен, а подоцна беше и претседател на клубот.
Баерн неодамна објави дека ќе го повлече бројот „5“, кој го носеше Бекенбауер. Тој ја освои светската титула како играч и тренер, а исто така одигра клучна улога Германија да биде домаќин на Светското првенство во 2006 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













