Раководството на Баерн Минхен интензивно работи на продолжување на договорот со Алфонсо Дејвис. Најновите информации за канадскиот репрезентативец покажуваат дека тој е поблиску до продолжување на соработката со „баварците“ отколку до заминување како слободен играч во Реал Мадрид.
Германскиот медиум „Билд“ тврди дека Баерн сака да ја затвори оваа тема што е можно побрзо и дури врши притисок врз Дејвис да го потпише новиот договор до Божиќ.
Фудбалерот, сепак, сака да си даде повеќе време за да донесе конечна одлука. Неговата намера е преговорите да продолжат на почетокот од следната година.
Тековниот договор на левиот бек истекува следното лето. Ако не го обнови, од 1 јануари ќе има право да потпише преддоговор со друг клуб.
Во моментов, Алфонсо Дејвис е повреден и нема да настапува за Баерн Минхен до крајот на годината.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













