Натпреварот меѓу Каменица Саса и Скопје од 15. коло во Втората фудбалска лига не го дочека крајот и беше прекинат во 71. минута при резултат 1-1.
Од Каменица Саса за главен виновник за инцидентот го посочија резервниот голман на гостинската екипа Гоце Јончев.
„ФК Каменица Саса го осудува секое насилство на фудбалските натпревари. Во досегашната 56 годишна фудбалска историја во Македонска Каменица немало прекин на натпревар поради настанат инцидент. Сите гостински екипи, секогаш биле пречекани домаќински и достоинствено.
Иницијатор на вчерашниот инцидент беше гостинскиот играч – резервен голман, Гоце Јовчев, кој што најпрвин од резервната клупа направи вербален напад врз двајца наши фудбалери. За истото од страна на главниот судија Гоце оправдано добива црвен картон.
На излегување од резервната клупа, на пат кон соблекувалните, исклучениот играч, почна вербално со погрдни зборови, пцовки и покажување на срамни и недолични гестикулации да ги навредува чесните навивачи на ФК Каменица Саса, кои беа собрани надвор од заградениот дел на стадионот, на надворешната страна на оградата.
Понатаму, Гоце продолжи со навредите, и истиот физички нападна член на управата на ФК Каменица Саса (кој официјално беше пријавен кај делегатот за присуство на натпреварот), кој што во обид да го смири Гоце, во неговото однесување, беше физички нападнат од страна на Гоце…
Во понатамошно дивеење, Гоце Јовчев го зеде корнер знаменцето, и со острото шило од истото, се обиде да ги нападне присутните редари и да им нанесе физички повреди (момент кој се гледа на видеото во прилог).
Во целата ситуација, настанатиот инцидент беше на просторот пред соблекувалните, надвор и далеку од теренот за игра. Од овие причини, немаше никаков основ натпреварот да биде прекинат.
Официјалните лица од ФК Скопје (претседателот и останатите членови од управата и клубот) неоправдано ги повлекоа своите играчи од теренот. Истите цело време вршеа вербални притисоци кон делегатот и судиите за да натпреварот биде прекинат. Не им дозволуваа на своите играчи да влезат на теренот и да го доиграат натпреварот, за што настана и нивна вербална расправија и меѓусебна кратка физичка пресметка на средината од теренот“, стои во соопштението на социјалните мрежи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal