Реал Мадрид ја оствари 11. победа во Ла Лига оваа сезона откако на гости ја совлада Џирона со 0-3. Бојан Миовски беше стартер во тимот на домаќинот, одигра еден час, но немаше шанса да го загрози посериозно Тибо Куртоа.
„Кралевите“ поведоа во 36.минута со голот на Џуд Белингам, а потоа Англичанецот одлично му асистираше на Арда Ѓулер за вториот погодок во 55.минута.
Килијан Мбапе беше стрелец на третиот гол во 62.минута од дуелот.
Реал Мадрид сега е второпласиран со 36 бода, два помалку од Барселона, но и еден одигран натпревар помалку.
Џирона се наоѓа на осмата позиција со 22 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













