Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изрази големо задоволство по победата на неговиот тим против Нотингем Форест со 3-0 во натпревар од 14. коло на англиската Премиер – лига. Овој успех го прекина негативниот период за Сити, кој имаше четири последовни порази во Премиер – лигата и седум натпревари без победа во сите натпреварувања.
„Победивме. Тоа е најважно. Оваа победа ни беше потребна. Клубот, играчите, сите бевме во потрага по ова. Не знам дали овој натпревар ќе биде пресвртница за Сити. Ова е само една победа, но ќе се трудиме да влеземе во подолг победнички ритам“, изјави Гвардиола.
Со оваа победа, Манчестер Сити привремено се искачи во топ 4 и има шанса да го заврши колото на оваа позиција, ако Брајтон не успее да победи против Фулам вечерва.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













