
Шкендија се издвои на врвот на табелата по 17.коло со 36 бода, откако го совлада тимот на Воска Спорт во Охрид со 0-1. Стрелец на победничкиот гол за Шкендија беше Флорент Рамадани во 51.минута од мечот.
Гостивар и Силекс одиграа без голови на лошиот терен на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Многу борба и желба од двете страни, а на крајот 0-0. Гостивар го заврши мечот и со десетмина фудбалери поради исклучувањето на Марко Симоновски.
Работнички ја продолжи победничката низа и со триумф на гости против Брера (1-3). Мазари во 17.минута го отвори резултатот, а Бесир Демири зголеми на 0-2 во 44.минута. Третиот гол за „романтичарите“ беше дело на Гандо Биала во 68.минута, а Роџерс Мато постигна убав гол за Брера пет минути подоцна.
Шкупи вторпат го победи шампионот Струга Трим Лум оваа сезона, овојпат со 3-1. Ел Хаџи Геје во 17.минута донесе водство, вториот гол го постигна Џелил Асани од пенал во 32.минута, а Шкупи стигна и до трет погодок во второто полувреме. Струга ТЛ постигна гол во судиското продолжение од дуелот.
Вардар и Тиквеш одиграа интересен натпревар на Националната арена „Тодор Проески“ и ремизираа 1-1. Едис Спахиу во 41.минута донесе предност за Тиквеш, а израмни Ненад Мишковски со удар со глава во 65.минута од мечот.
Пелистер ја совлада Беса со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за Пелистер беше Мирко Ивановски во 18. минута.
ПРВА ЛИГА, 17. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ГОСТИВАР – СИЛЕКС 0-0
ШКУПИ – СТРУГА ТЛ 3-1
БРЕРА – РАБОТНИЧКИ 1-3
ВАРДАР – ТИКВЕШ 1-1
ВОСКА СПОРТ – ШКЕНДИЈА 0-1
ПЕЛИСТЕР – БЕСА 1-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski