Connect with us

Делуваше дека Ханси Флик создаде машинерија од Барселона, но потоа дојде „црниот ноември“

Кон крајот на октомври, Барселона беше најдобриот тим во Европа и кандидат за сите трофеи. Но, кон крајот на ноември, тие загубија речиси сè.

Во ноември, Барселона освои само четири од можните 12 бода во Ла Лига, а последната победа ја постигна против Еспањол на почетокот од месецот. Потоа следуваа порази од Реал Сосиедад, реми со Селта по репрезентативната пауза, и за крај, најголемото разочарување – пораз од Лас Палмас на „Монжуик“, каде сезонава паднаа сите нивни противници.

Иако сите аларми во Каталонија се вклучени, Ханси Флик повикува на смиреност и фокусирање на следните натпревари. Според медиумите, тој одржал состанок на кој бил неочекувано смирен, бидејќи сака да ја задржи позитивната атмосфера и да го обедини тимот.

Овие натпревари покажаа дека играта на Барса премногу зависи од Ламин Јамал, кој дури вчера ги одигра првите минути по гостувањето во Белград. Тој повторно беше најопасниот играч во нападот, а овој период исто така покажа дека тимот нема квалитетна замена на клупата за напаѓачите. Ниту Феран Торес, ниту претходно Ансу Фати, не донесоа свежина или помош во нападот.

Роберт Левандовски го одигра својот најслаб натпревар сезонава, губеше топки, беше бавен во завршницата и практично целосно изолиран од остатокот на тимот.

Проблемите се очигледни и на бековските позиции, каде Жил Кунде е во пад на форма, а замена за него нема. Левата страна е исто така несигурна, дури и кога прв избор е Алехандро Балде.

Барселона со тоа му даде шанса на Реал Мадрид да се врати во трката. По победата од 0-4, кога Барса имаше предност од +6, Реал сега има можност да го преземе врвот доколку ги добие своите преостанати натпревари, што е речиси неверојатно со оглед на досегашната форма на двата тима.

Сега големото прашање е дали Барса ќе успее да се засили во зимскиот трансфер период. Засилување во нападот ќе биде тешко, бидејќи целите како Виктор Ѓокереш, Нико Вилијамс, Рафаел Леао или Џонатан Дејвид се очекуваат дури на лето.

Можеби Барса би можела да се обиде да ги реши проблемите на бековските позиции, но на пазарот моментално нема многу опции.

Сè на сè, како што октомври создаде впечаток дека Барса е повторно на нивото од минатото, можеби ноември создава слика дека се далеку од тоа. За тимот на Флик, ова може да биде корисно отрезнување и порака дека мораат да се подобрат и да играат натпревар по натпревар.

Следен предизвик е Мајорка на гости во вторник, а потоа Бетис на гости во сабота – два тешки натпревари со оглед на моменталната форма.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови