Фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, се повреди и беше заменет во второто полувреме од поразот на неговиот тим со 0-2 против Ливерпул во Лигата на шампионите.
Францускиот репрезентативец заработи истегнување на бутниот мускул и ќе паузира три седмици.
22-годишниот Камавинга претходно имаше повреди на коленото минатата сезона, што го отстрани од игра на подолги периоди. Според последните информации од Шпанија, фудбалерот ќе биде надвор од терените најмалку 2-3 недели, што претставува уште една лоша вест за тренерот Карло Анчелоти.
Во медицинскиот центар на Реал Мадрид се наоѓаат и Винисиус Жуниор, Родриго, Аурелиен Чуамени, Едер Милитао, Даниел Карвахал и Давид Алаба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













