Ливерпул со многу мака стигна до победа на гости против Саутемптон откако славеше со 2-3. „Црвените“ имаа и негатива од 2-1 во второто полувреме, но Мохамед Салах со два гола донесе триумф користејќи ги грешките на домашната одбрана.
Доминик Шобошлаи во 30.минута обезбеди предност за Ливерпул, но пред крајот на првиот дел беше досуден пенал за Саутемптон. Келехер го одбрани ударот на Армстронг, но тој од втор обид ја смести топката во мрежата.
На почетокот на второто полувреме, Саутемптон искористи еден брз противнапад и стигна до предност од 2-1, откако реализираше Матеус Фернандес во 56.минута.
Сепак, Салах израмни во 65.минута, а потоа постигна и победнички гол од пенал во 83.минута од дуелот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













