
Францускиот фудбалски стратег Патрик Виеира денес беше назначен за нов тренер на Џенова.
„Фудбалскиот клуб Џенова соопштува дека техничкото водство на првиот тим му го доверува на Патрик Виеира. Новиот тренер попладне ќе го води првиот тренинг откако формално ќе биде потпишан договорот во седиштето на Вила Ростан“, се наведува на официјалната веб-страница на италијанскиот клуб.
Иако Џенова не ја објави должината на договорот, италијанските медиуми истакнуваат дека Виеира потпишал договор до јуни 2026 година, со можност за продолжување на уште една година.
Виеира ја презема позицијата од Алберто Џилардино, кој доби отказ во вторникот.
Минатата сезона, Вијеира го водеше Стразбур, клуб што го напушти во јули оваа година по спогодбен раскин на договорот. Претходно, тој ги тренираше Кристал Палас, Ница, Њујорк Сити и младинските селекции на Манчестер Сити.
Џенова моментно е на 17. позиција во Серија А со 10 бодови, само еден повеќе од Лече, кој е во зоната за испаѓање.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
