Connect with us

Милитао успешно опериран по тешката повреда на коленото

Одбранбениот играч на Реал Мадрид, Едер Милитао, успешно беше опериран поради скинати предни вкрстени лигаменти на десното колено, соопштија од клубот.

Интервенцијата ја изврши д-р Мануел Лејес под надзор на медицинскиот тим на „кралскиот“ клуб.

Милитао веднаш ќе започне со долгиот процес на рехабилитација, а не се очекува да биде подготвен за игра до крајот на сезоната.

26-годишниот фудбалер оваа сезона одигра 17 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови