Француските клубови Пари Сен Жермен и Монако ќе се соочат во борба за Трофејот на шампионите на 5 јануари во Доха, Катар. Оваа одлука беше донесена од Административниот совет на Професионалната лига, откри францускиот весник „Л’Екип“.
Првично, натпреварот беше закажан за изминатото лето во Кина, но по неколку промени, одлучено е да се игра во Катар. Организацијата на овој меч ќе донесе околу 3 милиони евра приход за Професионалната лига, од кои дел ќе бидат распределени меѓу двата тима.
Интересно е што на истиот датум – 5 јануари 2025 година, беше предвиден меч меѓу Монако и ПСЖ во Лига 1. Тој натпревар ќе биде преместен и ќе се одигра на 18 декември оваа година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













