
Романскиот премиер Марчел Чолаку ја оцени како неприфатлива реакцијата на премиерот на Косово, Албин Курти, по прекинатиот фудбалски натпревар меѓу националните тимови на двете земји во петокот во Букурешт.
Натпреварот од Лигата на нации беше прекинат во судиското продолжение и подоцна откажан при резултат 0-0, откако играчите на гостинската екипа го напуштија теренот, вознемирени од просрпски скандирања на трибините. Романија е една од петте земји членки на ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово.
„Апсолутно е неприфатливо тоа што го прави премиерот на Косово, мешајќи ја политиката со спортот, а по одлуката на неговиот национален фудбалски тим да се откаже од натпреварот со Романија, изјавува дека ќе врши политичко-дипломатски притисок за да нè казни! Залудно се обидува виновникот да го претвори во жртва и – што е уште полошо – сака да врши политички притисок врз УЕФА, надевајќи се на илузорно решение! Му велам директно и јасно дека, колку и да се обидува, не може да ја изопачи реалноста и дека во секој случај оди по погрешен пат, бидејќи политиката нема место во спортот“, се наведува во ставот на Чолаку.
Според него, ниту романските играчи, ниту публиката на стадионот се виновни за тоа што се случило на натпреварот во петокот навечер.
„Можам да признаам дека косовските фудбалери играа подобро, но тоа не им дава право на постапката на крајот од дуелот, за која треба да сносат последици! И сигурен сум дека токму тоа ќе се случи“, додаде Марчел Чолаку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Реал тргнува по потписот на Салиба

Евро-фудбал
Арсенал го купува Нкунку од Челси?

Втора лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ВТОРАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Арсенал и ПСЖ во битка за финале во ЛШ
