Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Фарски Острови со 1-0 и со уште еден триумф без примен гол, петти во низа, ја потврди првата позицијата во групата и пласман во Лига Б во следниот циклус од Лига нации. Стрелец на победничкиот гол беше Бојан Миовски во 62.минута.
⚽️GOAL | 🇲🇰 North Macedonia 1-0 Faroe Islands 🇫🇴 | Bojan Miovski pic.twitter.com/AvM99JN8ul
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 17, 2024
Покрај пласманот во Лига Б, што е историско постигнување, Столе Димитриевски уште еднаш ја сочува мрежата мирна, а со 16 бода Македонија се наметнува сериозно и во разигрувањето за мундијалски бараж за СП 2026.
Македонија ја имаше иницијативата во првото полувреме, но бараше решенија со удари надвор од шеснаесетникот. Барди се обиде со удар од далечина, противничкиот голман не беше многу сигурен, но, сепак, ја скроти топката пред да реагира Миовски.
Потоа и Александар Трајковки упати силен шут од левата страна, но над голот.
Најубавата шанса ја имаше Исник Алими, кој по проигрувањето од Барди беше во изгледна ситуација, но за малку беше непрецизен.
Македонија продолжи да игра трпеливо, ја чекаше својата шанса и дојде во 62.минута. Бојан Миовски со удар од 14 метри успеа да ја затресе мрежата на Фарски Острови и донесе предност.
По постигнатиот гол, мирна игра на Македонија, избраниците на Милевски знаеја како да го сочуваат резултатот и да стигнат до нов триумф без примен гол, вкупно 16 бода и убедливо прво место на табелата во групата од Лига Ц.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski