Connect with us

Македонија е сигурна во третиот шешир пред ждребот за СП 2026

Во декември, за првпат преку онлајн ждреб, ќе се одредат групите во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Фудбалската репрезентација на Македонија е сигурна во третиот шешир, што значи дека во групата ќе добие две подоброрангирани селекции. Сепак, не е сеедно и кои ќе бидат ривалите од првите два шешири, затоа што секако има квалитативна разлика, да речеме, меѓу Шпанија, Франција, Англија и Швајцарија, Данска или можеби Србија. Токму последните две се борат да бидат последната селекција во првиот шешир пред ждребот, а сѐ ќе биде одлучено по последното коло во Лигата на нации.

И од вториот шешир Македонија ќе добие силен ривал. Во опција се Турција, Украина, Шведска, Велс, Полска, Унгарија, а последна која ќе го заокружи вториот шешир најверојатно ќе биде селекцијата на Чешка.

Од четвртиот шешир нашиот национален тим ќе добие ривал од селекциите кои сега се натпреваруваат во Лигата Ц, можеби и повторно Летонија, Ерменија или Фарски Острови, но тука се и Бугарија, Луксембург, Косово, Казахстан, Азербејџан, Кипар, Естонија, Литванија.

Дел од групите за Светското првенство ќе имаат по пет селекции, а од петтиот шешир доаѓаат Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн и Сан Марино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови