
Македонската фудбалска репрезентација ја совлада Летонија со 1-0 на Арената „Тодор Проески“ во својот петти натпревар од Лигата на нации. Ова е четврта победа по ред за нашиот тим без примени голови. Единствениот погодок го постигна Никола Серафимов во 57-та минута, со што Македонија го осигура првото место во групата.

Во шестата минута, Чурлинов одзеде топка во противничката половина, но ударот на Трајковски заврши покрај голот. Пет минути подоцна, Алиоски нафрли од левата страна, а Чурлинов со глава за малку не беше прецизен.
Летонија ја имаше својата прва шанса по 15 минути игра. По центаршут од левата страна, Димитриевски ја одби топката, која падна пред Савалниекс, но неговиот удар не беше точен.
На средината од првото полувреме, Македонија се соочи со проблем – Елмас мораше да излезе од игра поради повреда, а на негово место влезе Ќамили. Во последните моменти од првиот дел, Исник Алими имаше одлична можност од десетина метри, но не успеа да реализира.
На почетокот на второто полувреме, Миовски се обиде со силен удар од 16 метри, но топката отиде малку над голот. Во 47-та минута, Алиоски нафрли на петерецот, но Ќамили не успеа да ја погоди мрежата од близина.
Во 57-та минута, по изведен корнер од десната страна, Серафимов ја искористи својата шанса и погоди за водство на Македонија со 1-0. По голот, нашиот тим играше мирно, а во 82-та минута Ќамили имаше шанса за втор гол, но шутираше директно во голманот на Летониј

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Баерн Минхен би сакал да го купи Родриго

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
