Connect with us

Ние немаме ни ВАР, а ФИФА веќе тестира друг систем – ФВП, со кој тренерите ќе оспоруваат судиски одлуки

ФИФА разгледува сериозна можност за воведување на нов систем наречен Фудбалска Видео Поддршка (ФВП), кој ќе им овозможи на тренерите на двата тима да оспорат по две судиски одлуки во текот на натпреварот. ФИФА веќе успешно тестираше ваков систем за време на Светските првенства за фудбалерки до 17 и до 20 години, а сега се надеваат дека ќе добијат дополнително одобрување од специјалниот Борд задолжен за промените во фудбалските правила за да продолжат со тестирањето.

Системот ФВП е значително поедноставен во споредба со ВАР и содржи помал број камери, без специјални видео судии кои постојано би го следеле и анализирале натпреварот. За разлика од ВАР, овој систем нема да може автоматски да детектира офсајди или да користи технологија за гол.

Наместо тоа, ќе се користи за повторно прегледување на клучни одлуки како признавање или негирање на гол, досудување на пенал, и директни црвени картони. Во вакви случаи, тренерите ќе имаат право да побараат повторно разгледување на одлуката преку дополнителен екран на теренот.

Овој систем е замислен како поекономично решение за фудбалските федерации кои не можат да си го дозволат ВАР поради неговите високи трошоци.

Шефот на судиите на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, истакна:

„Важно е да се разбере дека ФВП не е ВАР. Поради помалиот број на камери, ФВП нема да може да го покаже истото што може ВАР.”

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови