Пол Погба се согласил да го раскине договорот со Јувентус и наскоро ќе стане слободен агент, тврди „Скај Спортс“. Двете страни постигнале договор кој ќе ја официјализира разделбата меѓу нив.
Поранешниот француски репрезентативец сакаше да се врати во тимот на „старата дама” откако неговата суспензија за допинг беше намалена од 4 години на 18 месеци. Сепак, клубот има други планови. Желбата на „бјанконерите” е да се ослободат од платата на Погба, која изнесува 8 милиони евра годишно.
Преговорите меѓу Јувентус и претставниците на Погба се во напредна фаза. Неговиот договор трае до летото 2026 година, но тој ќе го раскине. Погба добил понуди од Англија, Саудиска Арабија и САД, при што Интер Мајами се смета за фаворит за неговиот потпис.
По објавата на суспензијата на Погба, Јувентус ја замрзна неговата плата, па тој добиваше минимален надомест од 2000 евра месечно.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













