
Победата на Реал Мадрид против Осасуна со 4-0 ќе го чини Карло Анчелоти скапо, бидејќи Едер Милитао ја заврши сезоната. Бразилецот повторно заработи тешка повреда, ги скина предните вкрстени лигаменти, а исто така и менискусот, што ќе бара нова операција и пауза од минимум девет месеци.
Милитао ја доживеа истата повреда и минатото лето, па се врати на теренот дури на крајот од минатата сезона, што ја прави оваа вест најлоша можна и за него и за Реал Мадрид.
Во моментов, Карло Анчелоти располага со само еден здрав стопер, а тоа е Антонио Рудигер, бидејќи Давид Алаба сè уште не е опоравен од идентичната повреда и ќе се врати дури на крајот од годината.
Треба да се напомене дека неодамна и Дани Карвахал ја заработи истата повреда на предните вкрстени лигаменти, но ова не е единствената лоша вест.
Како што е познато, Родриго и Лукас Васкез исто така доживеаја повреди и ќе мора да паузираат. Родриго ќе биде надвор од терените околу еден месец, додека Васкез ќе паузира три недели, што значи дека Реал Мадрид ќе биде десеткуван за гостувањето кај Ливерпул на крајот од месецот.
Нема сомнеж дека Реал ќе доведе замена за Милитао во зимскиот трансфер период, а веројатно и уште еден стопер, можеби и десен бек.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски
