
Килијан Мбапе можеби наскоро нема да го облече репрезентативниот дрес на Франција, тврди новинарот Ромен Молина. Напаѓачот нема желба да игра за националниот тим поради конфликт со селекторот Дидие Дешамп.
Како што е познато, Дешамп не го повика голгетерот за претстојните натпревари од Лигата на нациите, но пред медиумите објасни дека сè уште смета на него. Според Молина, сепак, самиот Мбапе одбил да биде дел од составот. Изворот додава дека односите меѓу тренерот и играчот се многу затегнати.
„Мбапе не сакаше (и сè уште не сака) да игра за репрезентацијата, а дополнително, неговиот „клан“ има негативен став кон Дешамп и постои непријатна атмосфера во селекцијата“, тврди новинарот Ромен Молина.
Истиот новинар напиша дека поголем дел од француските репрезентативци, предводени од Мбапе, не го поддржуваат Дешамп и би сакале тој да си замине од функцијата, а на негово место да дојде Зинедин Зидан. Федерацијата, пак, има различно мислење и го поддржува актуелниот селектор, со надеж дека ќе го квалификува тимот за Светското првенство 2026.
Дешамп е селектор на „триколорите“ од 2012 година. Под негово водство, тимот стана светски шампион во 2018 година во Русија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тео Хернандез прави трансфер во Ал-Хилал

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски
