Репрезентацијата на Германија во средината на месецов ја очекуваат натпревари против Босна и Херцеговина и Унгарија, а Џулијан Нагелсман за тие средби за првпат во А-тимот го повика младиот офанзивен играч за врска Паул Ванер (18), еден од најдобрите млади играчи во Германија.
Ванер во моментов е играч на Баерн Минхен на позајмица во Хајденхајм, каде што игра одлично и се очекуваше во иднина сериозно да конкурира за место во репрезентацијата. Затоа, германската фудбалска јавност остана шокирана кога Ванер, кој има 20 настапи за младите селекции на Германија, го одби повикот на Нагелсман.
Како што пишуваат германските медиуми, причината е тоа што тој одлучил да игра за репрезентацијата на Австрија, земјата во која е роден.
Во актуелната сезона, Ванер постигна пет гола на 13 натпревари за Хајденхајм.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













