Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е дел од тимот на ПСВ Ајндховен кој отпатува за Холандија на дуелот од Лигата на шампионите. Тоа значи дека повредата на скочниот зглоб не е сериозна иако изгледаше многу полошо кога го напушти теренот на мечот против Леганес.
Тренерот Мичел веднаш го повлече од игра, а првичните најави дека можеби ќе треба и да ги пропушти натпреварите на македонскиот национален тим во средината на ноември, против Летонија и против Фарски Острови.
Сепак, за среќа, деталните медицински прегледи покажале дека не станува збор за сериозна повреда, по што Миовски присуствуваше на денешниот тренинг и е во комбинација за настап на дуелот со ПСВ.
📋 CONVOCATÒRIA#PSVGIR #UCL pic.twitter.com/Ni1BncD23Y
— Girona FC (@GironaFC) November 4, 2024
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













